ФОТО: Се сруши мост во прилепско, 200 луѓе заглавени


Повеќе од 200 туристи од Прилеп се заглавени во прилепското село Стровија откако се срушил мостот на патот во близина на селото Гостиражни. Како што дознаваме од мештаните, неколку автобуси што ги превезувале луѓето кон манастирот ,,Св.Недела” во Стровија не можат да се вратат за Прилеп поради свлечиште на асфалтот и рушење на мостот, објави порталот Плусинфо.

Според мештаните, Општина Долнени испратила механизација за санација на свлечиштето, но оттаму, пак, не потврдуваат колку време ќе биде потребно за да се обезбеди мостот и автобусите да преминат од другата страна.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција и екипа од ПС Ропотово веќе е излезена на терен.

– Околу 10 часот утрово добивме пријава за паднатиот мост и нашите тимови веднаш излегоа на терен. Сообраќајот помеѓу селата Гостиражни и Стровија е во прекин, но мостот може да се премине пеш – информираат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1