Франц и неговата избраничка Ема, со која се вери пред неколку месеци, деновиве се подготвуваат да заминат на летен одмор, пишува Вечер.
Имено, двојката поради многубројните ангажмани и настапи на пејачот, не успеала да украде ниту еден слободен викенд летово за да отиде на море, заради тоа решиле цел септември да го искористат за релаксација и полнење на батериите.
Веднаш по враќањето од одмор, двојката ќе стартува со подготовки за свадбената церемонија, која треба да се случи на почетокот на идниот месец.
Кум ќе им биде Кирил Колемишевски, кој своевремено беше и дел од Нокаут.