НАСА ќе Ви плати да останете во кревет


НАСА ќе Ви плати да останете во кревет, и тоа 170 долари дневно. 

Но, ќе мора да останете во кревет 24/7 во период од 70 денови. Освен тоа, поголемиот дел од времето ќе треба да ја држите главата надолу, а нозете нагоре. Може да играте на телефонот, да читате, да играте со мачката, што било, сè додека не станувате од креветот.

Beautiful woman lying and sleep on the snowy bedОва е едно од истражувањата за одмор во кревет кои ги спроведува агенцијата. Истражувањето треба да послужи за добивање на ефектите од патување во вселената кадешто нема гравитација. За време на „работата“, учесниците ќе прават специјални вежби за издржливост за потребите на истражувањето.

Според НАСА, оние кои ќе учествуваат во истражувањето ќе бидат тестирани пред и по 70-те денови во кревет. Резултатите од истражувањето ќе ни помогнат да разбереме кои задачи од вселенските мисии може да бидат под влијание на промените во психологијата на индивидуалците за време на вселенското патување и да разбереме како психолошките промени влијаат на извршувањето задачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1