ФОТО: Секое регистрирано возило треба да ја има оваа налепница


Од почетокот на годинава, односно од 01.01 почна со примена “Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ (Сл.Весник на Република Македонија бр.99/13).

nalepnica-za-registracija-5Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека тоа значи дека секое новорегистрирано возило од 1-ви јануари добива налепница за извршена регистрација која задолжително треба да се залепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Согласно член 2 од Правилникот налепницата за 2014 година е со црвена боја, а согласно член 3 од истиот правилник со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.

Инаку целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои  учестваат во сообраќај на јавен пат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1