Пакет изгубени оригинални цртежи на славниот научник и генијалец Никола Тесла, кој неодамна е откриен во една антикварница во Феникс, во американската држава Аризона, открива таблица за множење за која најголемите умови на нашето време велат дека е совршена во својата едноставност.
Станува збор за математичката спирала на Тесла. Картата за множење на Тесла сосема случајно ја открил локалниот уметник Абе Зука, а научниците кои тврдат дека пружа решенија на многу неодговорени прашања веруваат дека настанала во лабораторијата на Тесла во Ворденклиф.
Цртежите на научникот со совршена таблица за множење биле сокриени во мал дрвен сандук помеѓу пакетот нацрти за разновидни изуми.
Зука, кој ја пронашол математичката спирала на Тесла немал мир по ова откритите. Чувствувајќи дека во рацете има нешто неверојанто и вредно, веднаш ја фотокопирал во неколку примероци и ја однел кај како што рекол разни математичари, филозофи, компјутерски фанатици.
Еден од математичарите кои ги консултирал математичарот Џои Гретер, веднаш се фрлил на работа откривајќи дека е среде големо математичко откритите бидејќи Тесла во еден систем уфрлил таблица за множење, делење, примарни ореви , високо сложени броеви.
– Откритието е фантастично. Кога би успеале учениците ширум светот да ја користат оваа техника и малку да си играат со неа, би можеле да ја надминеме нашата културна аверзија кон математиката.
Шемата на Тесла прикажува спирала со 12 места. Тој мачичен број очигледно не бил случаен за научникот – 12 месеци во годината, 12 инчи во стапка, 24 часа во денот, а 12 е делив со 2,3,4 и 6.
На секои 12 броеви постои шанса 4 броеви да се прости. Познатата мисла на Тесла: „Кога би знаеле за величенственоста на броевите 3,6 и 9 , тогаш во рацете би ги држеле клучевите на Универзумот“.
На научниците во око им влегла уште една ситница за спиралата на Тесла – таблицата датира од 12 декември 1912 година.Случајност или уште една загонетка на генијот?!