ФОТО: Сергеј Четковиќ проговори за своите посвоени ќеркички


Пејачот Сергеј Четковиќ со својата сопруга Кристина посвои две ќеркички. Тој конечно ја отвори душата за среќата после 12 години брак некој да го вика тато и проговори за своите миленички Лоли (4) и Мили (2).

1ser.jpg500

-Не сакам да зборувам многу за тоа во медиумите, тоа е мое и приватно, но се надевам дека примерот ќе им послужи на другите. Знам дека откако се усреќив и многу други луѓе ја пронајдоа среќата на ист начин. Среќа пронајдоа и тие дечиња од домот за незгрижени деца. Мислам дека не постои ништо поважно и поубаво од тоа да се биде родител и на секое дете да му се пружи топол дом. Моето семејство е среќно такво какво што е. Пред две години станавме побогати за уште еден член и кој знае дали ќе сопреме на тоа. Сега не размислувам за посвојување на уште едно дете и најважна ми е среќата на моите два ангели. Еден ден, се разбира, дека ќе им кажам дека се посвоени, тие би требало да го знаат тоа. Кристина и јас ќе им помогнеме ако сакаат да дознаат што било за нивните биолошки родители, изјави пејачот.sergej-620x400

Тој е еден од малкумината од јавната балканска сцена што се одлучи на овој чекор. Покрај него најпознат пример е кошаркарот Влада Дивац, кој ја посвои ќеркичката Петра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1