Францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, во чија што редакција беа убиени 10 новинари и двајца полицајци, а повредени повеќе лица, не се занимаваше само со критика на радикалниот ислам, туку со сите религии, па и со нерелигиски радикални ставови.
– Каде би бил светот доколку би се почитувале сите вери- рече Филипе Вал, уредникот на сатиричниот неделник,„Шарли Ебдо“ на познатото судење во Париз пред осум години, кога исламски организации бараа високи казни и забрана за овој медиум. Токму смислата за светостите е главното мото на овој неделник кој дејствува од 1969 година, а кој има цврсти антирелигиски ставови, во кои ги исмева радикалните ставови на исламистите, христијаните и евреите, но и угледните француски и светски личности, претставници на власта, полицијата, екстремната десница, политичарите, главно сите.
Со години оваа редакција беше критикувана поради тоа, но сепак не се откажа од својата уредувачка политика и покрај тоа што Франција мораше да затвори свои амбасади поради сатиричните текстови.
-Не бараме од стриктните муслимани да го читаат „Шарли Ебдо“, како што и ние не одиме во џамија за да слушаме говори кои се против се во што веруваме- порачаа уредниците пред три години.
Инаку доста често покрај пророкот Мухамед, тие ги исмејуваа и Исус, и папата, за што сведочат низа насловни страни. „Шарли Ебдо“ со години отворено ги исмева сите религии, а испрати и јасна порака дека Свети крави всушност ги нема.
– Долколку се запрашаме дали имаме право или не да цртаме карикатури на Мухамед и дали тоа од овие или од оние причини е опасно или не, ќе се наметне прашањето можеме ли во неделникот воопшти да пишуваме за муслиманите, а потоа и со останатите и ќе завршиме така што за никого нема да пишуваме, а екстремисти ќе победат во Франција и светот- изјави главниот уредник на „Шарли Ебдо“ пред една година.
Медиумскиот проект од кој израсна „Шарли Ебдо“ започнал 1960 година, кога Жорж Берни и Франсоа Кевен го лансирале списанието „Хара-Кири“, кое што еден од тогашните читатели во писмо до уредниците го нарекол „глупав и злосторен“, што подоцна е усвоено како слоган на неделникот.
„Хара –Кири“ се нашол на удар на цензура уште во 1970 година, кога со сатира ја проследил катастрофата во ноќниот клуб „Цинк“, во која загинале 146 лица.
Неделникот во таа пригода се осврнал на сензационализмот на медиумите и предизвикал цензура, која ја наредил тогашниот министер за надворешни работи.
Овој неделник денес редовно ги забавува Французите со своите бунтовнички левичарски настроени статии, насочени кон радикалната десница и религиските фанатици.
А1Он.мк