Не, оваа фотографија не е дел од Војна на Ѕвездите!Иако оваа фотографија има огромна сличност со Дарт Сидиоус, главниот негативец на славниот филмски серијал, тоа е всушност фотографија од ултра звукот на трудница
Можете да замислите какво изненадување ја дочекало 39 годишната Американка Хедер Ларџ кога ја погледната снимката од рутинскиот преглед. Штом снимката се појавила на екранот, во истиот миг сите присутни ја забележале неверојатната сличност со Императорот Палпатин.
-Веднаш сите во ординацијата започнаа да се смеат, вклучувајќи ја и нашата осумгодишна ќерка Хана и докторката- раскажува сопругот на трудницата Тоби.
Гордиот татко ја прикачил фотографијата минатата недела на интернет, а оттогаш истата станала голем хит кај љубителите на Војна на ѕвездите.