Младите Игор и Тања од Штип уживаат во последните денови од летото на грчкиот остров Крф. Она што особено ќе го запамети Тања е неочекуваната понуда за брак која се случила десетина метри под вода.
Додека нуркале, Игор извадил парче хартија на која пишувало „Дали ќе се омажиш за мене?“.
-Резултатот од ваквото романтично запросување е ДА , пренесува „старплус” на ТВ Стар.
Следел прстенот и секако објавата на Фејсбук која веднаш ги освои срцата на нивните пријатели, но и на многу други луѓе.