Видео: Мајката се разбудила од кома кога слушнала како плаче нејзиното бебе


Шарлот Кол од Северна Каролина ја губела битката со животот, откако згрутчување на крв во нога предизвика итен царски рез. По операцијата, Шаролт паднала во кома.Screenshot_67

Медицинскиот персонал бил многу загрижен, со оглед дека нејзината состојба била исклучително критична. Сепак,на  една сестра и текнало нешто што всушност и го спасило животот на Шарлот. Таа знаела дека близината на мајката има големо влијание на бебето, па помислила зошто да не биде и обратно.

Сопругот на Шарлот го земал новороденчето, малечката Рајлин и ја донел кај мајка и . Како што кажал, Рајлин била толку добра што не пуштила глас, па морал малку да ја штипне за да пушти некаков звук. Штом Шарлот го слушнала своето бебе се разбудила од кома.

-Неверојатно е дека толку малечко бебе може да има толку големо влијание, изјавила Шарлот.

Погледнете ја нивната трогателна средба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1