Фото: Сите на куп среќни – ова е Македонското семејство со 8 деца


Семејството Смилевски има 8 деца, најмалото, бебето Филип е првороденото дете во 2013 година.

Утрински весник, ја раскажува приказната за ова среќно семејство. Откако на свет го донела Филип за нова година таа е веќе дома, а велат мајката била пречекана како кралица.

deca2

-Речиси цел декември секој ден доаѓав на Клиниката за ЦТГ, за конечно да ме задржат попладнето на 31 декември. Како што наближуваше полноќ, останавме јас и уште една жена да се породиме околу 24 часот, но таа доби болки порано и ја породија со царски рез, па останав само јас. Гинекологот Игор Алуловски и екипата околу него почнаа да одбројуваат од десет до еден како на дочек на Нова година, по што го добив мојот најубав новогодишен подарок, раскажува за Утрински 41-годишната мајка Јасмина.

deca

Освен на малиот Филип таа е мајка на Никола (14), по него го роди Раде (12), потоа Марко (8), Александар (5), Ивана (4), Елена (3) и Јане (2).

Таткото Иван вели, нема голема разлика меѓу помалку и повеќе деца, а колку е помала разликата во возраста, толку полесно се решаваш за повеќе деца, вели. Објаснува дека предноста е што може да се користат облеката, обувките, креветчињата од поголемите за помалите.

„Имањето многу деца ги прави луѓето подобри, поодговорни и посовесни“, смета Иван.

Фото: Утрински весник

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1