Језиво: Млад човек се дави а 20 пожарникари стојат и го гледаат (Видео)


Дваесетгодишниот Кенет Браун од американската држава Илионис се удавил на 1 јануари пред очите на 22 пожарникари и голем број на сведоци, а трагичната сцена била снимена со камера.

ezero covek se daviБраун се обидел да го претрча заледеното езеро, ледот попуштил, а тој пропаднал низ него и завршил во ладната вода.

Според некои тврдења, момчето бегало од полицијата, но засега тоа не е потврдено.
Полицијата и пожарникарите веднаш стигнале на местото на случување, но биле преплашени и внимателни и самите да не пропаднат под мразот. 15 минути неуспешно било фрлано јаже, но сепак момчето не успеало да го дофати и се удавило.

Останало нејасно зошто спасувачите порано не пристигнале на местото на настанот со гумен чамец. Полицајците и пожарникарите одбиваат да го коментираат целиот случај.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1