Две лица загинаа, едно се бори за живот, а друго е полесно повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случила денес во Марибор.
Како што пренесуваат медиумите во Словенија, оваа несреќа се случила откако автомобил кој што се движел со преголема брзина удрил директно во семафор.
Во автомобилот се наоѓале четири лица. Словенечката полиција потврди дека во автомобилот биле фудбалери на Марибор кои настапуваат во Б тимот. Тие се враќале од тренинг.
Медиумите во Словенија го објавија идентитетот на загинатите фудбалери на Марибор од Б тимот, кои настрадаа денес во сообраќајна несреќа.Според информациите објавени од локалните медиуми во несреќата животот го загубија Дамјан Марјановиќ (20) кој управувал со автомобилот и Зоран Баљак (20) кој седел зад него.Лекарите во Марибор е уште се борат за животот на 21 годишниот Љубомир Моравац, додека Жига Липушчек (20) е полесно повреден.