ФОТО: Софи е најмладата жртва на масакарот- тоа беше нејзин прв и последен концерт!


Осумгодишната Софи Роуз Русос е најмладата жртва на масакрот во Манчестер.

Девојчето за прв пат отишло на концерт со мајка и и сестра и, кои се повредени во нападот и префрлени во болница, а на Софи оттогаш и се губи секоја трага.

После 24 часовната потрага на полицијата и стотина луѓе, 8- годишното девојче е пронајдено, но за жал меѓу жртвите на нападот.

Семејството и пријателите ги бараа преку социјалните мрежи и медиумите кои ги пренесоа нивните позиви за помош и фотографиите на исчезнатите.

Точен број на деца по кои се трага се уште не е познат, а медиумите пренесоа дека 12 деца се наоѓаат на болничко лекување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1