(ФОТО) Сообраќајка кај Бошков Мост, загина возач на Хисар туризам


На патниот правец Дебар- Маврово, во близина на месноста Бошков Мост, во сообраќајна несреќа загина возач на комби возило.

Несреќата се случила во 6,45 часот кога од непознати причини комби возилото сопственост на „Хисар туризам“ изгубило контрола, удрило на заштитната метална ограда на мостот и паднало во реката Радика.

soobrakj hisar

Во возилото бил само возачот Садик Франгу (62) од селото Баланци, општина Центар Жупа, кој починал на самото место. Требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

На местото на несреќата увид врши екипа на Полициската станица од Ростуше, истражен судија и обвинител од Гостивар. Во извлекувањето на возилото учествуваше и територијалната противпожарна единица од Дебар.

Foto – Brif.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1