ФОТО: Сопружници кои 10 години немале деца, добиле дете откако го посетиле манастирот Хиландар


Во знак на сведоштво за јавеното чудо од Господа – роденото по молитва долгоочекувано новороденче – брачен пар од Минск донесе на подарок во Минската парохија икона на Божјата Мајка „На сите тажни радост“ и икона на Светиот Симеон Мироточив, живописана во Грција.

hilander-manastir

„Десет години овие сопружници немале деца. Тие дознале дека во еден од Атонските манастири, имено манастирот ’Хиландар‘, расте винова лоза чијшто плод ја исцелува неплодноста на сопружниците. Младиот пар се обратиле на Атос и од таму добиле на дар голема светиња – два грозда.

И се случило чудо – нивното малечко веќе има пет месеци! Тоа чудо го обратило младото семејство кон Христијанство. Сопружниците поминале низ многу испитанија, но не пороптале на Господа, туку само се молеле. И Господ гледајќи ја нивната усрдност, благодарност, верност и им подари дете. Каква радост за тоа семејство!“, изјави за време на својата проповед протоерејот Игор Коростелев.

„Господ толку ни е блиску, што треба само раката да ја подадеме кон Него, бидејќи Неговата рака е секогаш подадена кон нас“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1