Ни доаѓа престапна година: Еве што (не) треба да правите!


Годината пред нас 2016-та е престапна, а за многумина тоа значи дека ќе го извадат списокот работи кои не се прават во престапна година.

Односно, не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа, a среќлии се само децата што се родени таа година на 29 февруари. Народот верува дека се што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Бракот склучен во престапна година ќе трае кратко. Оние што планирале венчавки или свадби чекале
цела година.fevruari prestapna-godina

Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година.

Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божиќните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години.

Среќа е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа

Дамите запросуваат 

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер.

Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат.

Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!
Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси.

Но, астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа.

Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Зошто постои престапна година?!
Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера.

Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година.

Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок.

За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот.

Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења.

Но, остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година.

По Грегоријанскиот календар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1