ФОТО: Совршена жена и идеален маж – различни мислења на мажите и жените


Жените мечтаат за лице како на Кара Делевињ, за коса како таа на Кејт Мидлтон и нозе како на Ел МекФерсон, а „совршената жена“ во очите на просечниот маж е сосема поинаква.

Ним им се помили славните убавици кои имаат облини, па според деловите на телото се одлучиле за гради како на Ким Кардашиан, стомак како на Мишел Киган и струк како на Кели Брук.
zenalook

Анкетата е спроведена од страницата BlueBella и според тоа е направена и илустрација како изгледаат совршените тела во очите на мажите и жените.
Најголема разлика има во изборот за најубаво лице.

Повеќето од жените ја одбрале младата Кара, додека мажите за поубава ја сметаат Меган Фокс. Што се однесува до косата, на сите им е омилена долгата коса, но за разлика од жените кои ја избрале Кејт Мидлтон, мажите се решиле за русокосата Скарлет Јохансон.

1zenalook

Еднакво се разликува и поимањето на убавината кога се во прашање мажите. Жените се воодушевени од лицето на Џејми Дорнан, додека мажите сакаат да изгледаат како Дејвид Бекам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1