(ФОТО) Србинка на „Богородица“ шверцувала сребрен накит во гаќи


Како што денеска соопшти Царинската управа, за влез во Република Македонија, вчера во 17 часот се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблички управувано од државјанин на Република Србија, придружуван од неговата фамилија. На прашањето на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто истите одговориле негативно.

gakjiПод сомнение во изјавата, цариските службеници го селектирале возилото за детална контрола при што на повеќе места во возилото, меѓу кои потпирачот за рака помеѓу двете предни седишта, околу менувачот, во просторот под пепелникот, во џебовите од јакна оставена на задното седиште, во патна торба во багажниот простор како и при извршен личен претрес на возачот во предните џебови од панталоните и околу вратот под блузата, се пронајдени 4.210 грама различен сребрен накит.

Пронајдени се 222 прстени, 140 пара обетки, 160 привезоци, 61 нараквица, 71 синџирче, 4 алки и друго.

gakji

gakji4

gakji3

gakji2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1