ФОТО: Станал „шумски човек“ од тага – скопјанка не му ја возвратила љубовта


Милија Стојановиќ од селото Дрешница има 74 години, а веќе 17 години живее на падините на Копаоник во мала куќичка која ја направил на дрво.

Српски Блиц пишува дека Милија тагува поради невозвратена љубов која одамна ја изгубил во Скопје каде некогаш работел.

1milijajpg500umktji67ti67i6tyjrr

Неговата сопруга Пецкана Геровска го напуштила по само една година брак, а тој разочаран се вратил во своето село. Набргу решил да се изолира од луѓето и заминал во планина, да живее сам во импровизира куќичка направена на дрво.

– Сета моја љубов беше залудна бидејќи Пецкана не можеше да ми ја возврати. Скршен и разочаран се вратив во своето село каде доживеав уште поголема болка, бидејќи за кратко време ми починаа братот, сестрата и мајката. Останав сам во празна куќа.

Милија, сам, во својот свет, ги чита Шопенхауер, Платон, Фројд, руските класици, и пишува поезија, во најголем дел за својата љубов. Една од неговите песни гласи:

– Се вратив да ја видам прекрасната коса, но убавицата од Вардар не беше тука. Се изгуби на камениот мост, во од, во народот, во вечната река од луѓе…

Целата приказна за последниот „шумски човек“ во Србија прочитајте ја тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1