Околу 19 часот и 30 минути на излезот од Охрид се случила страотна сообраќајна несреќа во која според очевидците младо момче од Прилеп кое управувало со едното возило загинало, а повредени биле и 2 девојчиња.
Едното сопатник во автомобилот на прилепчанецот , а другата повредена била во другото возило. Според неофицијалните информации до судрот дошло кога момчето од Прилеп се обидело да претекне мотори кои возеле на патот при што дошло до директен судар со возилото кое надоаѓало од спротивната страна.
Огромна колона од возила се створи на патот бидејќи никој не може да помине додека не биде завршен увиот од полицијата.
Двете возила се со огромни оштетувања – што зборува за силината на ударот.
Како што соопшуваат од МВР, животот го загуби едно лице, а шесттмина се повредени кога се судриле „пежо 206“ управуван од прилепчанец, и „џип“ со американски таблици, на излезот од Охрид, кај Ботун. Патот ќе биде блокиран три часа, а возилата веќе се пренасочуваат преку патниот правец Струга-Дебар или преку Битола.
Во моментов се врши увид на местото на несреќата.
НЕ ИЗДРЖА – И ДЕВОЈКАТА ПОЧИНА ПО СООБРАЌАЈКАТА ПРЕД ОХРИД