Се слушнал врисок, а потоа нејзиното тело паднало на кровот на автомобилот.
Деветнаесет годишната Марина Лебедева од Москва паднала од терасата на 17-ти кат и преживеала, иако се наоѓа во тешка состојба.
Домарот во зградата наведува дека го слушнал вресокот на девојката додека паѓала, а потоа го видел нејзиното тело на кровот од автомобил.
-Само се стркала преку кровот на земјата, рекол домарот, кој веднаш повикал Брза помош.
Во болницата наведуваат дека Марина има повеќе скршеници на коските, скршен ‘рбет и внатрешни повреди на главата, па е сместена на интензивна нега.
Не се знае дали станува збор за обид за самоубиство, бидејќи Марина Лебедева не оставила проштално писмо.