Девојчето од најпопуларната фотографија на National Geographic уапсено во Пакистан


Авганистанка која беше овековечена на славната фотографија на National Geographic како 12-годишно девојче со зелени очи, уапсена е во средата во Пакистан поради фалсификување лични документи.

Незаборавната фотографија на Шарбат Гула, девојченце со продорен поглед, кое во бегалски логор во Пакистан го сними Стив Меккари, е најпознатата насловна страница во историјата на National Geographic.devojce-2-640x384

Гула е уапсена по двегодишната истрага на пакистанската Сојузна истражна агенција (FIA) во северозападниот град Пешавар. „Агенцијата ја уапси Шарбат Гула поради фалсификувана лична карта“, изјави Шахид Иљаш од пакистанската управа за регистрација на населението (NADRA).

FIA трага по уште тројца функционери на NADRA коишто ѝ овозможиле на Гула да добие пакистански лични исправи. Доколку биде прогласена за виновна, Гула би можела да заврши во затвор на 14 години.

Таа поднела барање за стекнување пакистански документи користејќи се со лажно име, соопштиле од FIA. Таа е една од илјадниците авганистански бегалци коишто успеала да ги заобиколи пакистанскиот компјутеризиран систем и да добие лична карта.

Нејзината славна фотографија снимена во 1984 година во бегалскиот камп во северозападен Пакистан за време на советската инвазија во Авганистан. Фотографот Меккари ја пронајде по 17 години во изолирано село во Авганистан во кое се омажила за пекар и родила три ќерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1