Проговори по 27 години: Тажната исповед на човекот кој случајно ја уби својата помала сестра


На Шон Смит, 37-годишен Американец, уште му е тешко кога ја слуша снимката од својот повик во брзата помош откако во 1989 година без да сака ја застрелал својата сестра Ерин, пишува Хафингтон Пост.

Тогаш, 10-годишниот Шон бил сам во куќата со својата сеста, а барајќи видео игри во фиоката на својот татко, пронашол скриен револвер. Пред да сфати што се случува, пиштолот испукал, а Ерин во истиот момент паднала на под. Малото момче веднаш повикало брза помош.son1-620x350-520x294

Овој повик бил пуштен и во смисијата на Опра Винфри за да се привлече поголемо внимание кон контролата на оружје, а по емисијата сите биле вознемирени од тоа што го чуле.

Трагедијата била прогласена за несреќен случај, но сепак Шон не може да го заборави овој трагичен настан. Тој 27 години подоцна проговорел за својата траума, а неодамна гостувал и во емисијата „Опра: Каде се тие сега“ во која раскажал за несреќата.

– Се обидев да и дадам вештачно дишење, но не реагираше. Последната слика на која се сеќавам е дека ја ставив кај мене во скут каде и почина, се присетил тој.

Шон подоцна дознал дека Ерин умрела во истиот момент Кога била застрелена бидејќи куршумот ја погодил во срце.

Многу години потоа, тој сеуште се бори со разни проблеми заради траумата.

– За време на тинејџерските години бев многу деструктивен. Не сакав да одам во училиште и бегав од дома неколку пати.

Работите почнале да се менуваат кога му се робил син.

– Заради него престанав да консумирам дрога и алкохол. Тој е неверојатно момче, а разговаравме и за оружје. Сакав да бидам сигурен дека знае што ми се случи и да биде внимателен, раскажал Шон.

Тој сеуште се бори со болката поради несреќата со Ерин.

– Има и тешки денови, Порано ме правеа мрачен и депресивен, но сега со одење во црква, разговор со мојата партнерка или со мојот терапевт, дојдов до стадиум кога можам да се смирам и да си простам, завршува Шон.

Тој во својата куќа чува работи кои го потсетуваат на Ерин, нејзини чевли, медалите кои ги освоила, цртежи, а има и тетоважа со нејзиното име. Вели дека сега единствено се фокусира да има среќна иднина.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1