(ВИДЕО) Пред милион луѓе во емисија ВО ЖИВО призна дека СИЛУВАЛ И УБИЛ 4 годишно девојче


За време на телевизиската емисија во живо маж од Турција призна силување и убиство на четиригодишно девојче, јавува Ivning Standard.clipboard011-620x350-1

Химет Актурк прифати да настапи во емисија која се занимава со правење на семејни драми и во кој водителката Муге Анли се занимавала со исчезнување на четиригодишната Ирмак Купала, која исчезнала додека си играла пред својот дом.

Актурк во текот на емисијата бил испитуван, и му покажале фотографии од жртвите и местото на злочинот, се додека не се скрши и не ја призна вината и одговорноста за смртта на детето.

Веднаш беше приведен од полицијата во станица каде го потпиша признанието дека го силувал и удавил девојчето, пред да го закопа нејзиното тело.

Актурк изјави дека нејзиното тело го фрлил во контејнер за ѓубре, но веќе следниот ден го извлекол телото и закопал во виноград.

Откако ја признал вината, полицијата го пребарала подрачјето на виноградот и го пронашла телото на четиригодишното девојче.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1