43 годишна мајка на две деца е единствената жртва во авионската драма на летот од Њу Јорк до Далас на компанијата Саутвест Ерлајнс.
43 годишната банкарка седела покрај прозорот во моментот кога експлодирал моторот на авионот пред неа. Од експлозијата се скршил прозорот. Очевидци велат дека таа за малку ќе излетала од авионот на патниците ја вратиле. По принудното слетување веднаш била префрлена во болница, но им подлегнала на повредите.
Седум лица пријавиле повреди.
Авион на воздухопловната компанија „Саутвест ерлајнс“ на лет кон Далас со 148 патници и членови на екипажот принудно слетал во вторникот на меѓународниот аеродром во Филаделфија, откако откажал мотор, а едно лице загинало, соопштија истовремено компанијата и сојузните власти.
Челникот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (NTSB), Роберт Самвалт изјави на прес-конференција дека е известено за едно загинато лице, но не сакал да зборува за поединостите во врска со смртниот случај.
Летот 1380 од Њујорк за Далас бил пренасочен кон Филаделфија откако екипажот на авионот од типот „Boeing 737-700“ известил за оштетување на еден од моторите, на трупот од авионот и најмалку еден прозорец, соопшти сојузната воздухопловна управа на САД.
Снимките што ги емитуваа американските телевизиски мрежи покажуваат дека поголем дел од надворешното куќиште на левиот мотор на авионот е раскинат и дека недостига прозорец во близина на моторот на левата страна од леталото.