Лекарите и останатиот медицински персонал кои се борат со епидемијата од ебола во Западна Африка се избрани од американското списание Тајм за личност на годината.
– Тие презедоа ризици, се жртвуваа себеси и спасуваа животи на пациенти, е коментарот објавен на сајтот на Тајм, од страна на главниот уредник Нанси Гибс.
Лани Тајм го избра за личност на годината папата Франциско.