Фолк пејачката и сопруга на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска синоќа околу 23 часот била донесена во Клиничкиот центар откако, како што им било кажано на лекарите, паднала од терасата на станот во скопската населба Кисела Вода. Тарчуловска имала тешки повреди на рбетниот столб и карлицата, па веднаш била оперирана и сега се наоѓа во стабилна состојба. Семејството Тарчуловски живeе на првиот спрат, во последниот стан, нивна е терасата најдолу од сликава, онаа со сателитската антена.
извор: Мактел