Автомобил со скопски регистарски ознаки се превртел кај новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Бистрица“.
Според неофицијални информации возилото кое се движело од влезот, кон центарот на градот, директно се удрило во извичникот на кружниот тек, по што изгубило контрола и се превртело на коловозот. На местото на несреќата веднаш излегле полициски службеници кои извршиле увид, по што ќе бидат соопштени повеќе детали за несреќата.