ФОТО: Трагичната приказна за осамениот јунак кој одбил да го поздрави Хитлер


Со сигурност сте ја виделе фотографијата направена неколку години пред почетокот на Втората светска војна, на која  се прикажани група Германци кои го поздравуваат Хитлер, со крената рака а само еден храбар човек не го поздравил фирерот.

Нацистичката партија во Германија во 1930-та година го прифатила познатиот поздрав на Хитлер “Sieg Heil” или “да живее победата”, како задолжителен за сите германски граѓани.august1

Со тоа тие ја демонстрирале верноста кон фирерот, неговата партија и нацијата.ж

Оваа фотографија направена во 1936 година  и човекот кој не го поздрави Хитлер, кријат една неверојатна љубовна приказна со трагичен крај.

Името на „бунтовниот Германец“ е Аугуст Ландмесер кој бил лојален нацист.

Тој им се приклучил на нацистите во 1931-та година и почнал постепено да се пробива во партијата, која со време станала единствена легална политичка сила во земјата. Две години подоцна, Ландмесер лудо се заљубил во Ирма Еклер, Еврејка која ја запросил кратко потоа, во 1935-тата година.

Кога партијата открила дека тој е свршен со Еврејка, Ландмесер бил исфрлен од Нацистичката партија.august2

Партијата ја остави л на страна и заминал во Хамбург со идната сопруга за да ја пријави свадбата, но поради новите нирнбершки закони.

Една година потоа, се случил собирот на кој Ландмесер одбива да го поздрави Хитлер, а следната 1937-та тој се обидел да ја напушти нацистичка Германија и да побегне во Данска со семејството.

За жал бил задржан бил на граница и обвинет дека ја “навредил својата раса”.

Следната, 1938-ма година, Ландмесер бил ослободен поради недостиг на докази, па го посоветувале да ја прекине врската со Еклер.

Со оглед на тоа дека тој немал намера да ја остави мајката на своето дете, ја игнорирал желбата на нацистите и повторно бил уапсен во 1938-та година, кога бил осуден на три години затворска казна во концентрационен логор.

Никогаш повеќе не ја видел жената која ја сакал, ниту својата ќерка.

Тајната полицијата во тоа време ја уапсила и Еклер, која во тоа време била бремена со нивната втора ќерка. Малата Ирене ја родила во затвор, по што била пратена во женски концентрационен логор.

Се верува дека од таму била пратена во нацистички еутаназиски центар во 1942-та година, во кој била убиена заедно со уште 14.000 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1