Момче по име Тсерин исчезнало во сибирската тајга, но, за среќа, беше пронајдено три дена подоцна, живо и здраво, пишува “Сајбиријан тамјс”. беше пронајдено по 72 часа талкање во шума во областа Тува, позната како област богато населена со волци и мечки, во зафрлениот дел на Сибир.
Како што пренесуваат руските медиуми, детето во џебот имало неколку парчиња чоколада, спиело на купови лисја, а локалните власти давале мали шанси дека може само да преживее. Во потрагата биле вклучени повеќе од 100 лица, како и екипи од Министерството за вонредни состојби.
За да се осигура дека не станува збор за киднапирање, полицијата најпрво извршила рација во преку 60 куќи во селото Кут, а детето било пронајдено во шумата, на место оддалечено три километри од тоа село.
Докторите потврдиле дека момчето е во добра состојба и не е повредено.