Притворен затворски чувар кој продавал дрога на затвореници


Триесет дена притвор му одредил истражен судија на И.Н.(37) од Скопје, бидејќи купил хероин, која ја препакувал во 27 полиетиленски паковки со намера да ја продава на уживатели во затворот „Идризово“.idrizovo zatvor

Тој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Во пријавата се вели дека притворениот затворски надзорник во „Идризово“ од засега непознато лице купил хероин кој го чувал во својот дом. Дел од дрогата била откриена при личен претрес кога влегувал на работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1