Лажеле дома дека си играат во училишниот двор, а растоварале помош за погодените од поплавите. МРТ пренесува приказна за хуманост на тројца тинејџери од Маџари…
На родителите им кажувале дека одат да играат во училишниот двор, а тие цел ден растовараат хуманитарна помош. Малите и неуморни херои Виктор, Матеј и Марко од утро до вечер им помагаат на своите сограѓани во пунктот на Црвениот крст. Жалат што нивните другарчиња одат голи и боси, а некои ги изгубија своите најблиски и домови. Децата од Маџари веќе втор ден се во мисија. Навозрасниот меѓу нив има 14 години, а најмалиот 10.
„Донирав чевли, храна, паковка вода, и едни мои пижами, за некое дете што е поплавено…“
„Донесов маички, облека за бебињата, количка, навлаки и мене ми беше жал бидејќи другарчињата мои се поплавени, изгубиле некои работи и дојдов тука да помогнам, растоваравме…“
„Многу ми падна жал бидејќи многу луѓе ги изгубија куќите. Работиме цел ден, носиме, истовараме“, велат малите херои.