Фото: Цели 38 години не се избањал – верува дека така ќе добие син!


Индискиот фармер Каилаш Синг, многу бргу по неговата венчавка во дамнешната 1974 година, решил повеќе да не се бања. Одлуката ја донесол откако еднен локален свештеник го посоветувал дека така ќе може да добие син.

kalis1

kalis2

Каилаш не се избањал цели 38 години, има 5 ќерки и ниту еден син. Неговата сопруга во почетокот се обидувала да ја прикрие смрдеата, потоа му се заканувала дека нема да спие во ист кревет со него, но на крај се откажала од намерата да го убеди да се избања.

Тој вели дека е среќен и дека ќе се избања, ќе ја скрати косата и ќе се избричи дури тогаш кога ќе добие син, но шансите се многу мали затоа што тој има 66, а неговата сопруга 60 години.

Каилаш, смислил начин како да ја одржува хигиената – секоја вечер изведува посебен „ритуал“ за да ги отстрани непријатните мириси – пуши марихуана, танцува околу оган и се моли на Шива.

Сопругата, ќерките, па дури и соседите не можат да му докажат дека и покрај неговиот ритуал, од него се шири смрдеа.

kalis11

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1