ФОТО: Туристичка агенција извиси Македонци – наместо на плажа останаа на улица во Кушадаси


Македонски туристи наместо во хотел, останаа на улица во Кушадаси. Преку туристичка агенција од Скопје требало да бидат сместени во хотел, ,но кога пристигнале по 15 часа пат, им рекле дека нема соби. Од агенцијата велат дека туристите се веќе сместени , наспроти тврдењата на туристите дека не смеат да престојуваат ниту во холот на хотелот, пренесува Канал5.
agencija turisti kuferiМакедонци извисија пред хотел во Кушадаси, Турција. 8 мина клиенти на туристичката агенција Виор 2 останаа без хотелска соба. Наместо песок, море, коктел, тие чекаат, како што велат, да ја добијат услугата за која што платиле во скопската туристичка агенција.
За аранжманот потпишале и договор, но штом стасале во хотелот Бариш во Кушадаси, по повеќе од 15 часа пат со автобус, вработените ги информирале дека немаат закупено соба.
Ја контактирале Виор 2, а од таму испратиле свој претставник, но неговата понуда, како што вели измамениот Александар за Канал 5, била несоодветна на договорот за купениот аранжман.
-Иако имаме потпишано договор кога стигнавме во хотелот , не ни ги дадоа хотелските соби. Прво ги баравме во агенцијата но не се јавуваа, ги добивме подоцна , од таму ни рекоа дека ќе ни испратат свој претставник но досега никој не дојде. Од хотелот ни рекоа дека не може да не сместат бидејќи немаме уплатено аранжман, изјави Александар, измамен турист.
Од Канал 5 ги контактирале и Виор 2. Од таму изјавиле дека сопственикот е на пат, но во неколку наврати убедуваа дека нивните клиенти се веќе сместени. Немало проблем, тие само биле нестрпливи да влезат во хотелските соби. Ова се сликите што Александар ги испрати попладнево на маилот на Канал 5. Евидентно е дека тие се надвор од хотелот, во очекување да се сместат.
2500102-32
Од организацијата на потрошувачи појаснуваат дека измамените граѓани треба во рок од 8 дена да се пожалат во туристичката агенција преку која патуваат. Ако нема одѕив од нивна страна, да се обратат до државниот пазарен инспекторат. Апелираат и до надлежните инспекциски служби, да бидат поактивни на терен, контролирајќи ја работата на туристичките агенции.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1