ФОТО: ТВ Нова со мобилно студио ќе ги следи изборите


Телевизија Нова и во текот на изборната кампања продолжува со трендот кој го поставивме уште од првото појавување во македонскиот етер, а тоа е воведување на нови стандарди во креирањето на информативната програма, велат од телевизијата.

Исто како и светските информативни мрежи Си Ен Ен и Фокс, и Телевизија Нова воведува мобилно студио кое одблиску ќе ги следи активностите на најголемите политички партии во текот на кампањата.avtobus-nova-640x373

Станува збор за мобилно студио, брендиран автобус кој, од лице место ќе известува од митинзите на политичките партии.

-Нашето мобилно студио е сателитиски поврзано и во него има најсофистицирана телевизиска опрема. Покрај нашите репортери километражата на мобилното студио до затворањето на кампањата ќе ја одбројуваат и голем број на аналитичари и експерти со чии анализи ќе се обидеме најдетално и први да ве информираме за активностите на кандидатите за новиот собраниски состав. За да бидеме први ќе помогнат и будните очи на најбројниот дописен тим во Македонија кој овозможува во живо во секое време да се вклучат во програмата на Телевизија Нова, велат од телевизијата.

avtobus-nova5-640x370 avtobus-nova1-640x369 avtobus-nova3-640x366

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1