Генералот Бекир Еркан Ван, командантот на базата Инџирлик е уапсен и во моментов се наоѓа во притвор поради организирање на државниот удар во Турција.
Турската војка го затворила воздушниот простор околу базата на југот од Турција поради што прекинати беа ударите врз Исламската држава од таа локација, изјавил неименуван извор од американското Министерството за одбрана на Си-Ен-Ен. Набрзо по затворањето, просторот околу базата повторно е отворен
Ван, заедно со уште десетмина високи воени и полициски функционери биле уапсени во јужниот град Адана.