ФОТО: Уапсени предизвикувачите на пожарот кај Кале – си палеле гуми


Полицијата ги уапси двете лица кои денес околу 12 часот предизвикаа пожар зад Француските гробишта на Кале.

Според информациите на Курир станува збор за едно малолетно и едно полнолетно лице, но повеќе детали сеуште не се познати бидејќи со лицата во тек е разговор во полициската станица во Центар.

Како што претходно објавивме, уапсените го предизвикале пожарот палејќи гуми и бакарни остатоци.

Откако истиот се проширил на тревната површина, предизвикувачите успеале да го изгаснат на кратко. Пожарот подоцна повторно се појавил, по што повикана на интервенција била противпожарна екипа.

Foto – Kurir

 

gumi2 gumi1

gumi4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1