ФОТО: Убиецот од Нов Зеланд ги имал овие симболи, имиња и датуми на оружјето


Напаѓачот на џамија во градот Крајстчрч во Нов Зеланд уби најмалку 49 лица, а повеќе од 20 се повредени, според последните информации објавени од страна на полицијата во Нов Зеланд.

Четири лица се уапсени во врска со нападот, а меѓу нив, наводно, е и терористот.

Убиецот, како што покажа првичната истрага, на „Фејсбук“ во живо го емитувал почетокот на нападот. На оваа социјална мрежа тој се претставил како Брентон Терант, 28-годишник од Австралија.

Покрај неговиот профил на „Фејсбук“, тој бил корисник и на „Твитер“, а на тој налог, кој сега е отстранет, објавил фотографии од своето оружје и линк до манифестот.

Се верува дека Терант на 73 страници, напишал анти-имигрантски манифест во кој објаснил кој е тој и причините за неговите постапки, пишува британски „Телеграф“.

Така за себе вели дека има 28 години и е роден во Австралија, а по потекло од Шкотска, Ирска и Англија. Во Нов Зеланд се преселил привремено за да го испланира и спроведе терористичкиот напад.

„Читав текстови од Дилан Руф и многу други, но во суштина ме инспирираше само Брејвик“, пишува тој.

Тарент, според пишувањето на „Вашингтон егземинер“, во манифестот навел слоган кај приврзаниците на доминицијата на белата раса, познат како „14 зборови“ и рекол дека мигрантите кои немаат бела боја на кожата се натрапници и напаѓачи. Тој споменал дека неговиот поглед на светот е најблиску со оној на политичарот Освалд Мозли, основач на Британската унија на фашисти (British Union of Fascists – BUF) кој се залагал за употреба на насилство за спроведување на идеите на расистичкиот национализам.

„14 зборови“ се однесува на слоган кој на англиски јазик се состои од четиринаесет зборови: „We must secure the existence of our people and a future for white children“ (Мора да обезбедиме постоење на нашиот народ и иднина за белите деца).

Понекогаш со терминот „14 зборови“ се мисли и на паролата „Because the beauty of the White Aryan woman must not perish from the earth“ (Убавината на белата Ариевска жена не смее да исчезне од Земјата). Слоганот првично го смислил Дејвид Лејн, еден од основачите на терористичката организација „The order“.

Во манифестот Брентон Терант споменува дека доаѓа од работничко семејство со пониски приходи и одлучил да направи нешто конкретно за да ја обезбеди иднината на своите луѓе, пренесуваат австралиски медиуми.

Тој, исто така, ја објаснил и причината за овој терористички чин. Имено, како што вели, сакал да им покаже на освојувачите дека „нашите земји никогаш нема да бидат нивни“.

„Нашата татковина е наша и се додека белиот човек оди по Земјата, тие никогаш нема да ги освојат нашите земји и никогаш нема да го заменат нашиот народ“, пишува Терант.

Тој открил дека нападот го планирал веќе две години, додавајќи дека се одлучил истиот да биде во Крајстчрч пред три месеци.

„Нападот во Нов Зеланд ќе го привлече вниманието кон вистинскиот напад на нашата цивилизација, дека никаде во светот веќе не е безбедно, дека освојувачите ги имаат населено сите наши земји, дури и во најоддалечените региони, дека веќе нема каде да одиме“, додава тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1