„Го молев Бог да му снема куршуми“ – исповед на преживеаните од терористичкиот напад во Нов Зеланд


„Луѓето бегаа, вратите биле затворени, а тој ги бркаше. Знаев дека немам шанси. Се сокрив под една клупа. Се правев дека не дишам. Менуваше муниција 7 пати”, рекол Фарид Ахмед, еден од преживеаните во терористичкиот напад во новозеландскиот град Крајстчерч во кој биле убиени најмалку 40 луѓе, а 20 ранети.

Австралискиот државјанин Брентон Тарант отворил оган во џамија, а крвавиот пир го снимал во живо на Фејсбук. Подоцна видеото било отстрането.

Уште еден верник кој го преживеал пукањето рекол дека имамот ја почнува молитвата кога го слушнале пукањето.

„Луѓето почнаа да бегаат и кога се вратив видов крв, сфатив за што станува збор”, рекол тој.

„Размислував за тоа дека мора во еден момент да му снема куршуми. Се молев на Бог: “Те молам Господе, те молам нека му снема куршуми”. Во еден момент сакав да излезам надвор и минав покрај маж кој седеше покрај ѕидот и кој ми порача дека е подобро да не излегувам. Се вратив, неколку моменти подоцна, напаѓачот дојде и го застрела токму тој човек. Го застрела во градите”, рекол мажот кој сакал да остане анонимен.

„Тројца мажи и една жена се во притвор”, рекол полицискиот началник Мајк Буш, но предупредил дека може да има уште осомничени кои му помагале на напаѓачот. Тарант е опишан како екстремно десничарски насилен терорист.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1