Неможе да ја видите оваа слика и да не се прашате што прави овој човек?? Зошто удира со чекан по водата в езеро? Кога ќе ви кажеме, ќе му честитате. Ова не е „ендемски“ домаќин, напротив.
Тој со чеканот се обидува да ја размрда плочата што водата ја донесе од кај соседот. Морам да ја ослободам, вели. Плочата ги гребе не само неговото кајче (кое гледаме на фотосот не е бесплатно- без платно), ами и на соседите.
Го прашавме и љубезно ни одговори, морам да ја тргнам да не ни ги уништи кајчињата, од нив живееме – и патем ни посака пријатно капење во е(нд)зерото. Секоја чест домаќине!