Фото: Ужасен живот – Го чувал синот 30 години во камена ќелија!


Кинезот Донг Хаи коој сега веќе има 46 години, 30 години е затворен во камена ќелија од пет метри квадратни.

Ќелијата во која живеел 30 години е сместена во двор зад родителската куќа, а родителите стравуваат дека тој може да повреди некој бидејќи е психички болен човек.

Кога пораснал, а со самото тоа и зајакнал, родителите оделе од болница до болница барајќи кој би можел да го прими, но секаде биле одбиени со образложение дека нема место.

kinez

Родителите на Хаи сега се во уште поголем страв бидејќи како луѓе на 70-годишна возраст повеќе немаат ниту сила ниту пари да се грижат за толку тешко болен човек. А што е уште полошо се плашат од тоа што ќе се случи со нивниот син кога тие ќе умрат.

Тие со години го држеле затворен и го хранеле со конзервите кои му биле доставувани преку дупка во камениот ѕид.

Изметот го извлекувале со стап и на тој начин му ја чистеле ќелијата, а мајката некогаш влегувала во ќелијата за само да го исчисти подот и да го избања синот.

Пулс 24 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1