ФОТО: Ужасни повреди на лицето на 12 годишно девојче – ја нападнало кучето на другарката


Џорџа Сигурни (12)  лежела на подот кај својата другарка и гледала X-фактор, кога големата сибирска хаска ја нападнала.

Џорџа тврди дека случајно ја клоцнала хаската по што следувал беспоштеден напад – хаската ги зарила забите во лицето на детето и оставила длабоки рани на лицето и устата.

Девојчето веднаш било пренесено во болница каде и биле ставени 50 конци.dogbites

Џорџа сега има тешкотии и кога јаде бидејќи кучето сосема и ја распарало устата на левата страна.

Џорџа седела на подот потпрена на софата а кучето спиело зад неа. Кога станала го стапнала кучето кое веднаш и скокнало и ја загризало на лицето.

 

Таа викала на цел глас а потоа успеала да избега од куќата. Ја однеле во болница каде следниот ден и ставиле 20 конци во устата и уште 31 на лицето.

Мора да пие со цевка бидејќи и е болно да јаде.

-Ова и го уништи животот. Таа е убаво девојче и сега се грижи како ќе изгледа. Им благодарам на докторите што и го составија лицето, вели нејзиниот татко.

Полицијата го зела кучето од сопствениците и почнала истрага. Чекаат мислење од експерт за опасни кучиња, за да одлучат како ќе постапат со него.

Семејството на кое му припаѓа сибирската хаска не го коментира инцидентот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1