Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги претстави нова банкнота од 20 евра, која ќе биде пуштена во оптек од 25 ноември годинава.
Новата „20-ка“ е трета во серијалот „Европа“ на ЕЦБ, по банкнотите од пет евра, претставена во мај 2013, и од десет евра, промовирана лани во септември.
Новата банкнота има осовремен дизјан и унапредени безбедносни карактеристики, со што можностите за нејзино фалсификување се сведени на минимум.
Банкнотата со димензии 133 на 72 милиметри е во нијанси на сина боја и е изработена во готски стил.