Музичар загина кај Ѓавото – детали за сообраќајката


Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 19 часот и 40 минути на патниот правец А3 Битола – Ресен, кај местот викано Чешмите.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило со марка BMW со битолски регистарски таблички и камион со албански регистарски таблички.soobrakj skopje

47 годишниот Б.К кој управувал со BMW-то загинал на лице место. Неофицијално, се работи за професорот Боби Коминовски од Битола, објави ТВ ОРБИС.

Очевидец од местото на несреќата, вели дека патничко моторно возило од марка „BMW“ се судрило со камион на превојот Ѓавато на патот Ресен-Битола, при што животот на лице место го загубил познат музичар од Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1