Наредната недела пролет – денес сончево време


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови ќе биде променливо облачно, доцна попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 14 степени.mk skopje vodno sonce22

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, да дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во петок ќе се задржи претежно облачно време со континуирани врнежи од дожд особено во јужните делови од земјата. Потоа во наредните денови повторно ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Стабилно и суво време со пораст на дневната температура ќе има во почетокот на наредната недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1