Причината за поплавувањето на кејот непосредно до плоштадот, според ескепртите, е поради стеснувањето на коритото во овој дел од водотекот како резултат од поставувањето нови градби и мостови. Во изминатиот период на оваа локација се поставија два моста, мостот „Око“ и Мостот на уметноста кои ја намалија ширината на коритото, галијата од левата страна на Камени мост која дополнително го обремени, трите врби Вера, Надеж и Љубов, а за негово стеснување придонесе и изградувањето на Археолошкиот музеј со што градежните работи се проширија до кејот, пишува плус инфо
Како што велат упатените, коритото на Вардар е така уредено да го контролира водотекот со што не дозволува менување на неговата структура. Изградено е после земјотресот во 1963 година и во тоа време било голема инвестиција која требало да спречи било какво излевање на Вардар во градот.
Плус инфо