ФОТО+ВИДЕО: Голем пожар беснее на Макарска ривиера, евакуирани три хотели


Туристи од три хотели на Макарска ривиера (Јадран, Нептун, Тамарис) и дел од жители се евакуирани денеска поради пожар во Горњи Тучепи.

Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 200 пожарникари кои ги спасија хотелите. За да се локализира пожарот употребени се и канадери, јавуваат хрватски медиуми.

Пожарникарите проценуваат дека ќе биде исклучително тешко да се совлада пожарот во текот на денот, но истакнуваат дека нема повредени.

Поради огнената стихија, затворен е сообраќајот на државниот пат Макарска-Вргорац додека на Јадранската магистрала од Макарска до Тучепи се вози по една коловозна лента. Владата соопшти дека е донесена одлука во тоа подрачје како помош да се испратат 150 припадници на хрватската армија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1