Станува збор за геотермална бања и една од најпосетуваните атракции на Исланд.
Топлите води се богати со минерали кои што се исклучително корисни за кожата и воопшто, за здравјето.
Температурата на водата се движи во просек од 37 до 39 степени Целзиусови и истата претставува извор на лековити супстанци кои што можат да се користат во борбата против огромен број на кожни заболувања.
Станува збор за бања создадена од човекот, а таа црпи вода од околните геотермални извори и истата се обновува на секои 2 дена.
Топлата вода извира од земјата во близина на проток со лава и истата се користи за придвижување на турбини кои што произведуваат електрична енергија, а откако ќе помине низ турбините, пареата и водата се транспортира и низ специјален систем кој обезбедува топлина за водоводниот греен систем на оваа територија.
На крајот, водата се слева во лагуната, создавајќи место во кое што луѓето можат да се рекреираат и лекуваат.
Со оглед на тоа што станува збор за исклучително атрактивна дестинација, сопствениците на овој спа центар имаат строги кодекси за хигиената, па така, секој посетител непосредно по влегувањето и излегувањето од водата мора задолжително да се истушира.
Непосредно покрај големите базени се изградени и сместувачки капацитети, а терапевти специјалисти нудат и посебни масажи за сите делови од телото, како и за децата и трудниците.
Едноставно, станува збор за место во кое што дефинитивно секој може да го пронајде својот мир и релаксација, а притоа да биде и сигурен дека прави нешто добро за своето здравје.