ФОТО+ВИДЕО: Мистериозен црн круг се појавил над едно село во Казахстан


Жителите со неверување  го снимиле со камера мистериозниот облак кој лебдел во воздухот петнаесетина минути, а потоа исчезнал.

Жителите на Шортанди, во петокот попладне биле сведоци на неверојатно ретка појава-црн облак во облик на прстен лебдел на небото.krug

-Изгледаше како црн облак. Го видовме околу 16 часот, на 3-ти април. Исчезна како чад, но беше целосно без мирис, рекол жителот Олег Меншиков.

Андреј Солодовник, професор по физика на казахстанскиот универзитет проценил дека „црниот прстен“ имал дијаметар околу 100 метри и дека лебдел на височина од околу 200 метри до еден километар.

Иако облакот се чинел мистериозен за локалните жители, Солодовник шпекулира дека станува збор за голем облак од чад кој е резултат на согорување. Таа теорија ја потврдиле повеќе експерти кои го тврделе истото за слични кругови видени во историјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1